Јирген Клоп „од прва“ го откачил Јувентус

Јувентус ја интензивира потрагата по наследник на Масимилијано Алегри, во која „старата дама“ веќе го доби и третиот негативен одговор. По Пеп Гвардиола и Антонио Конте, можноста за преселба на „Алијанц арена“ ја отфрлил и Јирген Клоп, кој експресно се заблагодарил на интересот, без желба да почне да преговара со италијанскиот првак.

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери откри дека челниците на Јуве стапиле во контакт со стратегот на Ливерпул, но германскиот стручњак јасно ставил до знаење дека нема намера да си замине од „Енфилд“.

Бум! Јирген Клоп беше контактиран од Јувентус, но без посериозни последици“ – напиша Палмери на својот твитер-профил.

Претседателот Ањели се надева дека до крајот на месецов ќе постигне договор за ангажман на нов тренер. Покетино делува како прескапа опција откако Аргентинецот побара плата од 20 милиони евра по сезона, па за фаворит во моментов важи Симоне Инзаги од Лацио.

Се вчитува...