Јирген Клоп се уште не го победил Јунајтед во Премиер лигата: Време е!

Шампионска еуфорија на „Енфилд“ пред големата дерби пресметка против Манчестер јунајтед в недела од 17 часот. Сето тоа благодарение на фактот дека по 16 кола во Премиер лигата Ливерпул е на првото место со бод повеќе од Манчестер сити а дури 16 бода повеќе од Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ и Жозе Мурињо се веќе избришани од листата кандидати за освојување на Премиер лигата, но сепак дуелот со својот најголем ривал Ливерпул секогаш е „повеќе од само игра“.

Притисокот е дополнително засилен и поради фактот дека Манчестер јунајтед е единствената екипа која Јирген Клоп не ја победил во Премиер лигата. Всушност, има триумф против „црвените ѓаволи“ во Лига Европа (2-0) пред две години и една победа на пријателски натпревар изминатово лето од 4-1. Но, не е тоа – тоа. Желба е победа во Премиер лигата.

„Па можеби е време… Мора да бидеме мотивирани, ќе мора и добро да се потрудиме за победа! Пред нас е вистински дерби натпревар. Додека бев во Германија барав начин да ги гледам овие натпревари на Ливерпул и Јунајтед. Беа тоа напнати натпревари, многу израмнети. Ова е еден од оние натпревари, кога потпишувате договор, кој едвај чекате да дојде“ – вели Клоп цитирајќи го и најтрофејниот менаџер во историјата на Манчестер јунајтед.

„Ако Сер Алекс Фергусон вели дека е ова англиско класико, тогаш во ред, затоа што веќе сум бил актер во германското класико“ – дополнува стратегот на Ливерпул.

Се вчитува...