Јирген Клоп вчудоневиден: „На кого бре му текна тука да се држи прес-конференција?“ (ВИДЕО)

Ливерпул загуби синоќа на гостувањето од Тулуз во Франција, но не е тоа пораз кој би го загрозил патот на „црвените“ кон следната фаза од Лигата на Европа.

Сепак, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, наиде на навистина непријатно изненадување на прес-конференцијата по крајот на мечот.

Германскиот стратег беше вчудоневиден кога виде дека импровизираната прес-сала е веднаш кај просторот на домашните навивачи кои еуфорично скандираа и пееја за време на целата прес-конференција. Тоа не можеше да го премолчи Клоп…

„Навистина, чија идеја беше овде да се одржи прес-конференција? Тоа би било интересно прашање. Не знам…“ – прокоментира Клоп, со израз на лицеот кој јасно кажуваше колку му е непријатно од тоа што се случува, но и како кикс е тоа на организаторите и на УЕФА која дозволи тука да се одржува прес-конференција.

Како и да е, Клоп се обидуваше брзо да одговара на прашање за што побрзо да заврши сета таа бламажа.

И француските медиуми испратија низа критики за местото на одржување на прес-конференција, потенцирајќи дека Клоп не заслужил такви провокации без разлика дали тие се намерно смислени, или случајни.

Се вчитува...