Јоаким Лев го враќа Томас Милер во репрезентацијата на Германија

Германскиот селектор, Јоаким Лев се одлучил да го врати искусниот Томас Милер во репрезентацијата на Германија за претстојното Европско првенство. На еден месец до почетокот на ЕВРО 2020, германските медиуми пренесуваат дека Лев на крајот од неговиот ангажман во репрезентацијата конечно потпаднал под влијанието на јавноста и се одлучил да го врати Милер во репрезентацијата.

Одлуката за исклучување на Милер, Боатенг и Хумелс, Лев ја донесе во март 2019 година. Милер веќе е известен за ова и искусниот репрезентативец е подготвен да се врати во дресот со националните бои и да им помогне на соиграчите на претстојниот шампионат. Фудбалерот на Баерн Минхен досега за Германија запиша точно 100 настапи на кои постигна 38 гола и запиша 36 асистенции, а со „панцирите“ го освои и Светското првенство 2014 во Бразил.

Покрај Милер во репрезентацијата се очекува да се врати и Матс Хумелс, кој игра во добра форма во дресот на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...