Јохауг доминантно до злато на 30 километри во крос-кантри

Тереза Јохауг го освои и третиот златен медал во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Норвежанката маратонската трка на 30 километри, со која се затвораат игрите во Пекинг ја заврши за време од 1:24:54.0 час.

Сребрениот медал и припадна на американската нордијка, Џесика Дигинс која доцнеше 1:43.3 минута зад победничкото време, додека со бронзата се закити Финката, Керту Нисканен која на крајот беше послаба за 2:33.3 минути од времето на златната Јохауг.

Се вчитува...