Јокиќ доминираше во балканската битка со Нуркиќ, историски меч за Кевин Дурант… (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер славеа против Феникс со 119-111 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

По обичај, повторно најдобар беше Никола Јокиќ кој овој пат беше извонреден во додавањето за соиграчите. Српскиот центар заврши со 21 поен и неверојатни 16 асистенции од кои 10 во првото полувреме, дополнети и со седум скока, за добивање на балканската битка со Јусуф Нуркиќ.

 

Нуркиќ, пак, од спротивната страна го одигра можеби и мечот на кариера, но ниту 31 поен не беше доволен да извлече победа за својот тим.

Босанскиот кошаркар се најде во еден контроверзен момент на крајот токму по дуелот со Јокиќ. Доби неправеден прекршок во напад и исклучување кое, се чини, го реши мечот.

Овој меч ќе го памети и Кевин Дурант кој постигна 30 поени и имаше 11 асистенции. Дурант успеа да се пробие во Топ 10 поентери во историјата на НБА.

Се вчитува...