Денвер лесно и убедливо славеше на гостувањето против Оклахома Сити со 96-126, дуел кој мина во апсолутна доминација на гостинските кошаркари. Убедливата предност му овозможи на тренерот на Денвер да им даде нешто поголем одмор на клучните играчи, но Никола Јокиќ за 30 минути игра стигна до нов трипл-дабл, вкупно осми за него оваа сезона.
Српскиот центар шутираше беспрекорно, погоди осум од десетте удари од поле и го заврши натпреварот со 19 поени, 13 асистенции и 11 скокови. Најефикасен во редовите на Денвер беше Мареј со 26 поени.
Лука Дончиќ и Далас слаавеа на гостувањето против Бруклин со убедливи 98-115, максимално користејќи го неиграњето на Кевин Дурант на оваа средба. Џејмс Харден без помошта на Дурант и на Ирвинг беше немоќен да стори нешто повеќе, па Дончиќ и соиграчите доминираа на теренот, на крајот заслужено радувајќи се на победата. Словенецот го заврши дуелот со 27 поени и 7 асистенции, Порзингис имаше 17 поени за Далас, додека Харден беше прв стрелец на Бруклин со 29 поени.
Резултати НБА:
Филаделфија – Кливленд 109-112 (по прод.), Вашингтон – Минесота 128-112, Њујорк – Индијана 110-107, Оклахома – Денвер 96-126, Орландо – Јута 109-124, Сан Антонио – Њу Орлеанс 117-114, Бруклин – Далас 98-115.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА