Јокиќ: Финалето нема да биде дуел помеѓу мене и Адебајо, туку помеѓу Денвер и Мајами

Големото финале во НБА лигата започнува вечерва од 2 часот и 30 минути по полноќ, а во неа силите ќе си ги одмерат Денвер и Мајами. Тимот од Колорадо на крилја на Никола Јокиќ имаше лесна задача во конференциското финале против Лос Анџелес Лејкерс, додека Хит до игра за шампионскиот трофеј стигна преку „мајсторката“ против Бостон.

Во пресрет првиот натпревар за медиумите говореше Никола Јокиќ кој прво доби прашање кое е првото НБА финале кое го памети.

„Да бидам искрен, не знам. Не паметам. Можеби кога Далас го освои прстенот. Мајами… Го паметам финалето помеѓу Мајами и Сан Антонио кога Реј Ален го погоди оној шут. Паметам откако сум јас во лигата, но не до толку кога растев. Тешко беше да се прати, повеќе гледав Евролига и европска кошарка“, започна Јокиќ.

Јокиќ беше спореден со Адебајо, но Србинот не сака да навлегува во такви игри. Како што вели кошарката е тимски спорт и тоа ќе биде дуел на Денвер против Мајами.

„Тоа нема да биде дуел помеѓу Бем и мене. Играат Денвер и Мајами. Ние двајца имаме сличен стил, играме тимска кошарка во која ги вклучуваме соиграчите. Нема да биде тоа јас против него, ниту било кои други двајца еден против друг, туку Мајами против Денвер и мислам дека ќе биде интересно“

Се вчитува...