Јокиќ „флертуваше“ со трипл-дабл, нова одлична партија на Богдановиќ

Никола Јокиќ и неговиот Денвер им се вратија на победите во НБА лигата откако славеа со 110-99 против Лејкерс. Српскиот интернационалец повторно беше лидер на својот тим и на чекор до трипл-дабл учинок проследен со 31 поен, 13 скока и 9 асистенции. Ентони Дејвис беше најрасположен во редовите на тимот од Лос Анџелес со 22 поени, 14 скока и 5 асистенции.

Одлична партија одигра и Бојан Богдановиќ. Хрватот постигна 33 поени и 3 асистенции, но Детроит не успеа да слави против Аталанта (113-118). Гостинскиот состав го предводеше Тре Јанг со 35 поени и 6 асисстенции.

Во останатите натпревари одиграни оваа вечер:

Кливленд – Орландо 103-92
Милвоки – Бруклин 110-99
Њујорк – Шарлот 134-131
Торонто – Филаделфија 119-109
Чикаго – Индијана 123-109
Минесота – Сан Антонио 134-122
Јута – Хјустон 109-101
Портланд – Мајами 98-119

Се вчитува...