Никола Јокиќ ја одигра најслабата своја претстава во финалето од НБА лигата а заврши со „само“ 23 поени, 12 скока и четири асистенции во новата победа на Денвер за водство од 3-1 во серијата против Мајами.
Поради тие само четири асистенции си ги намали шансите да стане првиот кој во НБА плејофот заврши со „трипл-дабл“ просек, но сеедно веќе остварува историски плејоф.
Со деветиот скок синоќа дојде до 250 во 19 одиграни меча во плејофот и стана прв играч во 77 години на НБА кој во плејофот запишал повеќе од 500 поени, 250 скока и 150 асистенции. По четвртиот меч од финалето има просек од 30,1 поен, 13,3 скока и 9,8 асистенции, а во петиот меч би требало да собере 14 асистенции за да заврши со „трипл-дабл“ просек…
In a class of his own 🃏 pic.twitter.com/rnMkg2uzpj
— Denver Nuggets (@nuggets) June 10, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА