Јокиќ го остави Денвер во „живот“, Оклахома заврши работа, Детроит пред елиминација (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс намалија на 3-2 во серијата против Минесота тимбервулвс откако изминатата ноќ славеа на домашен терен со 125-113.

Никола Јокиќ одигра феноменален натпревар во кој запиша трипл-дабл, завршувајќи го мечот со 27 поени, 16 асистенции и 12 скока. Кај поразените Џулиус Рендл постигна 27 поени.

Актуелниот шампион Оклахома сити тандер ја заврши работата против Феникс санс откако во четвртиот меч славеше со 122-131. Најдобриот тим на Истокот, Детроит пистонс се соочува со елиминација откако синоќа загуби од Орландо меџик со 94-88 и сега имаат негатива од 3-1.

Се вчитува...