Јокиќ го покажа целиот свој ‘арсенал’ и ја крена клупата на нозе (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Денвер повторно славеа во подготвителните натпревари во пресрет на новата НБА сезона, овој пат над Портланд со 129-96, а потегот на вечерта го имаше српскиот интернационалец кој со своето забивање ја крена клупата на нозе.

 

Добар натпревар одигра и младиот Србин, Алексеј Покушевски кој во поразот на Оклахома од Чикаго (103-105) постигна дабл-дабл од 12 поени и 13 скока.

 

Во останатите натпревари Филаделфија славеше над Индијана со 107-113, Мајами го доби дуелот против Торонто со 105-117, Њујорк славеше над Кливленд со 119-83, Бруклин го доби Бостон со 89-113, Њу Орлеанс славеше на домашен терен против Милвоки со 127-113, а на победа се радуваа и Лејкерс кои славеа со 113-114 на гостувањето против Феникс.

Се вчитува...