Јокиќ и Дончиќ „флертуваа“ со „трипл-дабл“ во меѓусебната пресметка (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата ја одбележа средбата помеѓу балканските ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ по која на триумф од 125-114 над Далас се радуваше Денвер, а Србинот и Словенецот беа лидер на своите тимови и замалку не постигнаа „трипл-дабл“ учинок.

Јокиќ средбата ја заврши со 33 поени, 14 скокови и 9 асистенции, додека Дончиќ постигна 34 поени, 10 скокови и 8 асистенции.

На другите натпревари беа постигнати следните резултати:

Индијана – Кливленд 121-116
Милвоки – Њујорк 110-105
Чикаго – Бруклин 107-109
Оклахома – Голден Стејт 139-141
Портланд – Мемфис 115-113

Се вчитува...