Јокиќ и Нагетси го разнесоа Далас на Дончиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер на домашен терен го декласираа Далас со 106-75, па сега двете екипи имаат скор од три победи и два порази. Најголемата предност на Денвер изнесуваше 35 поени.

По лесната повреда на коленото, Никола Јокиќ се врати на теренот и постигна 11 поени (5-9 од игра за 25 минути), 16 скока и 8 асистенции.

„Ако има шанса да играм, ќе играм. Не чувствувам болки“, изјави Јокиќ по мечот.

Кошаркарите на Далас играа втора последователна вечер, по гостувањето кај Спарси, а беа целосно надиграни во рекетот, откако Нагетс имаше тотална доминација.

„Мораме нешто да научиме од ова“, изјави Лука Дончиќ, кој запиша 16 поени (5-18 од игра), 6 скока и 4 асистенции.

Најефикасен кај Денвер беше Вил Бартон со 17 поени, со 5 скока и 6 асистенции, Арон Гордон даде 13 поени, а Џеф Грин 14. Мајкл Портер јуниор додаде 12 поени (5-12 од игра).

Покрај Дончиќ, единствен двоцифрен кај Далас запиша Треј Бурк со 11 поени (3-8 од игра).

 

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Торонто – Орландо 110:109

Бруклин – Индиана 105:98

Мајами – Шарлот 114:99

Њу Орлеанс – Сакраменто 109:113

Портланд – ЛА Клиперс 111:92

ЛА Лејкерс – Кливленд 113:101

 

 

Се вчитува...