Јокиќ исклучен во победата на Денвер, конечно триумф и за Вориорс (ВИДЕО)

Денвер нагетс им се вратија на победите во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај Детроит пистонс со 103-107.

Најдобриот кошаркар на актуелниот шампион, Никола Јокиќ беше исклучен во првото полувреме, но и тоа не беше доволно нешто повеќе да направат пистонс. Во негово отсуство Реџи Џексон со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Чед Канингем заврши со 27 поени.

Конечно до победа стигна и Голден стејт вориорс кој славеше на домашен терен против Хјустон рокетс 121-116. Стеф Кари со 32 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Алпен Шенгун постигна 30 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Бостон 129-142, Шарлот – Бостон 121-118, Сан Антонио – ЛА Клиперс 99-124, Њу Орлеанс – Сакраменто 129-93, Минесота – Њујорк 117-100 и Чикаго – Мајами 100-118.

Се вчитува...