Јокиќ како лик од цртан филм дојде на мечот со Лејкерс (ФОТО)

Кошаркарите на Денвер нагетс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 114-103 во првиот натпревар од плеј-оф серијата во Западната конференција во НБА лигата.

Така Нагетс поведоа во серијата, а во сето тоа помогна одличната партија на Никола Јокиќ.

Натпреварот го заврши со 32 поени, 12 скока и седум асистенции, а на натпреварот дојде во интересна модна комбинација. Јокиќ на средбата со Лејкерси дојде облечен како Гру од култниот цртан „Dеspicable Me“, токму на денот кога се појави рекламата за новиот дел од овој филм.

 

Се вчитува...