Јокиќ ќе игра за Србија на ЛОИ во Париз?

Трикратниот МВП на НБА и кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ќе игра за репрезентацијата на Србија на претстојните Олимписки игри во Париз. Пред три дена Нагетс беа елиминирани во полуфиналето на плејофот на Западот, бидејќи беа поразени од Минесота Тимбервулвс во серијата со 4-3 и нема да ја бранат титулата во НБА лигата.

По тој меч Јокиќ беше прашан за настапот на Олимписките игри на кој даде краток одговор.

„Не знам, ќе видиме, мора да размислам“, изјави актуелниот МВП на НБА.

Сепак, како што дознава „Максбет спорт“, Јокиќ на Олимписките игри ќе игра за Србија. Првата ѕвезда на Денвер до крајот на неделата би требало да пристигне во Србија и во неговиот Сомбор, каде ќе одмори во кругот на најблиските пријатели и семејството, како и во своите коњи, пред почетокот на националните подготовки кои се закажани за 24. јуни во Стара Пазова.

Се вчитува...