Јокиќ: Ќе победиме само ако „умреме“ едни за други

Денвер Нагетс загуби од Лос Анџелес Клиперс во вториот натпревар во НБА-лигата оваа сезона, а Никола Јокиќ вели дека не играл добро, иако бил блиску до „трипл дабл“.

Српскиот кошаркар имаше 24 поени, десет асистенции и девет скока, но и покрај тоа, статистиката вели дека неговиот тим заостануваше дури 20 поени кога тој беше на паркетот.

„Што се однесува до мојата игра, не бев толку добар, влегов кога губевме најмногу. Мора да играме подобро, да се разбудиме некако, да играме едни за други, да ‘умреме’ едни за други. Само тоа е патот до добра сезона“, рече Никола Јокиќ.

Јокиќ исто така вели дека тимот, сепак, треба да се навикне малку на новата сезона и дека треба да се бара хемија меѓу играчите. Нагетси по два натпревари имаат исто толку порази. Нивниот следен натпревар е со Хјустон, ноќта меѓу понеделник и вторник.

Се вчитува...