Јокиќ: Мене ми е баш забавно, сега „клиперси“ нека се тресат

Денвер со фантастичен пресврт се врати од „минус 19“ и се избори за мајсторка во серијата против ЛА Клиперс, меч на кој брилијантен беше Никола Јокиќ. Српскиот центар го заврши мечот со 34 поени и 14 скокови, погоди три тројки во последната четвртина и го скрши отпорот на противникот, кој ќе се соочи со огромен притисок во претстојната мајсторка откако прокоцка предност од 3-1 во победи.

„Мене ми е баш забавно. Не се плашиме од никого, играме кошарка и се забавуваме на теренот. Притисокот сега е врз нив, „клиперси“ нека се тресат пред клучниот меч“, истакна Јокиќ по големиот триумф.

Денвер се врати од 1-3 и во претходната рунда против Јута џез, па доколку триумфира и на „мајсторката“ со ЛА Клиперс ќе стане прв тим во историјата на НБА што во две фази од плејофот имал камбек од ваква „невозможна мисија“.

Се вчитува...