Јокиќ му испратил селфи со коњ на соиграч од Денвер

Денвер Нагетс не успеаја да се пласираат во финалето на НБА во сезоната 2024/25 и покрај импресивните игри на Никола Јокиќ.

Српскиот центар блескаше во плеј-офот со просечни 26,2 поени, 12,7 скока, 8 асистенции и 2 украдени топки, а откако беше елиминиран во второто коло од Оклахома во седум натпревари, Јокиќ како и секогаш се повлече во Србија – далеку од центарот на вниманието.

Неговиот соиграч ДеАндре Џордан откри урнебесна анегдота.

„Знаеш како кога ќе дојде дома, го фрла телефонот во река… но ми се јави пред една недела. Ми испрати селфи од него и коњот. Само му реков: „Уживај, брат“, изјави Џордан.

Се вчитува...