Никола Јокиќ повторно беше избран за МВП на НБА-лигата, а српскиот центар на првата прес-конференција по големото признание се појави со црна маица со написот „Брате“.
Асоцијацијата е јасна – зборот е посветен на тренерот Дејан Милојевиќ со кого Јокиќ соработуваше на почетокот од кариерата во тимот на Мега, а кој трагично почина од срцев удар пред неколку месеци.
„Да бидам искрен, оваа маица ја носам речиси секој ден, особено на тренинзите. Деки беше човек што ми даде слобода, тренер што ми покажа како треба да правам одредени работи, како да тренирам, да се однесувам. Ми веруваше целосно и се што можам да кажам е… Деки, брате, фала ти за се“, истакна Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА