Јокиќ како Леброн – на грбот ќе го носи само своето презиме

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ во продолжението на сезоната во НБА нема на дресот да носи порака за социјална рамноправност и правда. Јокиќ во Орландо ќе игра со дрес на кој ќе го пишува неговото презиме, пренесуваат американските медиуми.

Неговите соиграчи од Денвер се одлучија да носат пораки за социјална рамноправност и правда, но сепак Јокиќ не е единствениот кој што се реши за ваков потег. Голем дел од ѕвездите меѓу кои и најдобрите кошаркари на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, ќе ги носат своите презимиња на грбот, бидејќи како што кажуваат најмал проблем е дресот и дека тие имаат да кажат многу повеќе од еден збор кој што ќе се наоѓа на дресот.

Сезоната во НБА лигата ќе продолжи на 30. јули.

Се вчитува...