Јокиќ од херој до трагичар, луда тројка на Тејтум за триумф над Милвоки

Никола Јокиќ со трипл-дабл ја стартуваше новата НБА-сезона, но српскиот центар и покрај импресивните бројки од 29 поени 15 скокови и 14 асистенции сепак беше трагичар на својот тим на дуелот против Сакраменто, што Денвер го загуби по продолжение со 122-124. Јокиќ најпрвин направи грешка во финишот од регуларниот дел од времето, за потоа да ја загуби и клучната топка при 122-122 на пет секунди до крајот, по што Хилд од контранапад ги постигна победничките поени за Сакраменто.

Најинтересниот меч се одигра во Бостон, каде домаќините по голема битка славеа над Милвоки со резултат 122-1210 Селтикс најпрвин прокоцкаа предност од 17 поени, Милвоки беше на чекор до триумф, кога Тејтум блесна и постигна тројка од табла со звукот на сирената.

Расел Вестбрук дебитираше со трипл-дабл (21 поен, 11 скокови, 15 асистенции) за Вашингтон, но и тоа беше недоволно за Визардс да стигнат до триумф на гостувањето против Филаделфија.

 

Резултати НБА:

Филаделфија – Вашингтон 113-107, Орландо – Мајами 113-107, Индијана – Њујорк 121-107, Кливленд – Шарлот 121-114, Бостон – Милвоки 122-121, Торонто – Њу Орлеанс 99-113, Чикаго – Атланта 104-124, Мемфис – Сан Антонио 119-131, Минесота – Детроит 111-101, Денвер – Сакраменто 122-124, Портланд – Јута 100-120, Феникс – Далас 106-102.

Се вчитува...