Јокиќ по пласманот во НБА финалето: Само сакав да бидам како Новак Ѓоковиќ

Никола Јокиќ и неговиот Денвер нагетс се пласираа во првото историско финале во НБА лигата, откако со „метла“ (4-0) го исфрлија Лос Анџелес лејкерс во финалето на Западната конференција.

По натпреварот, на прес-конференцијата, новинар го праша дали ќе размени некакви пораки со Ѓоковиќ, со оглед на тоа дека се сонародници и дека и двајцата ги чека голем предизвик финалето во НБА и Ролан Гарос.

„Да бидам искрен, го немам неговиот број. Тој е момче што ја претставува Србија на многу поголема сцена, тој е амбасадор на Србија. Тој е идол за децата во Србија, не само на теренот, туку и надвор од него, поради се што прави неговата фондација. Тој е човек на кој можеш да се угледаш, а јас сакам да бидам како него. Тој врши одлична работа за децата, за Србија… Не можам да се споредувам со него“, изјави Јокиќ. 

Се вчитува...