Јокиќ по победата над Мајами веднаш ги бараше сопругата и ќерката

Денвер го совлада Мајами со резултат 104-93, со што поведе со 1-0 во финалната серија во НБА лигата. По одличниот меч во кој забележа трипл-дабл учинок Никола Јокиќ уште еднаш покажа нешто на што не сме навикнати, но се почесто го гледаме.

Семејството игра важна улога во животот на Јокиќ, особено кога станува збор за ќерката Огнена, која навиваше за својот татко уште на почетокот на финалната серија.

Јокиќ по 27 постигнати поени, надополнети со 14 асистенции и 10 скока на трибините ги виде ќерката и сопругата, што му донесе голема насмевка на лицето.

 

Се вчитува...