Јокиќ по поразот: Една важна работа научив на коњските трки…

Никола Јокиќ е велемајстор на кошаркарската игра, но српскиот центар никогаш не криел дека е и голем вљубеник во коњските трки, во кои ужива во родната Србија.

По синоќешниот пораз од ЛА Лејкерс, тој се осврна на една важна лекција што ја добил токму на овие трки која ќе му послужи на тимот на Денвер.

„Секако дека сакавме да победиме и да се пласираме во следната рунда, но тоа не се случи. Не ја завршивме работата како што посакувавме, се надевам дека на ледниот меч ќе бидеме подобри. Сакаме да сме фокусирани, да ја контролираме играта, овојпат тоа не беше случај. Ништо страшно, една важна работа научив на коњските трки, не е важно како почнуваш, туку како ќе завршиш“, прокоментира Јокиќ.

Серијата од 11 победи на Денвер над ЛА Лејкерс беше прекината на синоќешниот дуел, но актуелните шампиони имаат големо водство од 3-1 и се наоѓаат на само еден триумф до пласман во полуфиналето на Западната конференција.

Се вчитува...