Јокиќ по првата победа во финалето повторно онака скромно: Ние сме тим, не сум само јас тука!

Денвер славеше против Мајами со 104-93 и поведе со 1-0 во големото финале од НБА лигата. Никола Јокиќ повторно беше во центарот на сите случувања со деветтиот трипл-дабл во плејофот сезонава (поправајќи го својот рекорд) и 15-ти трипл-дабл во кариерата во плеј-оф мечевите. Само Џејсон Кид во 2022 година пред него во финале дебитирал со трипл-дабл учинок.

Веднаш по мечот Јокиќ истакна дека само сака да победува и се обидува тоа да го прави на секој начин, верувајќи дека може со Денвер да дојдат до првиот шампионски наслов во историјата.

„Навистина многу го почитуваме Мајами, се борат, не се откажуваат, но ние успеавме да го зададеме првиот удар. Во претходните три серии тие секогаш славеа на првиот меч во гости, а ние сега едноставно не сакавме тоа да се случи“ – рече Јокиќ и дополни онака скромно околу својот нов трипл-дабл:

„Најважно е да се победува. Знам дека не мора ниту да шутирам ниту да погодувам за да имам влијание на победата. Но, ние сме тим и секој еден и тоа како допринесува за овие победи. Не сум само јас тука“.

Јокиќ верува дека ќе биде интересна финална серија.

„Ќе биде и тоа како интересна серија. Тие не се откажуваат, но не се откажуваме и ние. Само треба да го задржиме фокусот низ целиот натпревар, тоа ќе ни биде единствената прилагодба“ – вели српскиот кошаркар.

Се вчитува...