Јокиќ: Победивме заради мене, а повторно не сум МВП

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, истакна дека уживал во ол-стар натпреварот, а тој беше расположен и за шега. Најголемите ѕвезди на НБА-караванот се собраа во Атланта синоќа.

Тимот на Леброн Џејмс ја совлада екипата на Кевин Дурент со 170-150. Јокиќ беше во победничкиот тим, а натпреварот го заврши со шест поени, седум скока и пет асистенции.

„Супер натпревар. Уживам, се забавувам на теренот. Имавме добар тим, интересно беше и на клупата и во соблекувалната. Фановите недостасуваа. Атмосферата е сосема поинаква кога таму се 20 000 луѓе. Но, повторно е задоволство да се биде на терен со овие момци“, рече Никола.

Најдобар поединец на натпреварот беше Јанис Адетокумбо, кој имаше 35 поени, 7 скока и ниту едно промашување од игра. Гркот ја доби наградата МВП, која потоа му ја предаде на Србинот.

„Ме зезнаа втора година по ред. Не знам што се случува. Победивме поради мене, се насмеа Јокиќ. Меѓу мене и Јанис постои европска врска, ние се забавувавме, а јас уживав во секој момент. Тој е од Грција, го познавам. Беше интересно да се игра со него“, заклучи Јокиќ.

Се вчитува...