Јокиќ повторно извонреден – на пат кон МВП титулата, одлична ноќ и за Дончиќ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ е на вистинскиот пат да се здобие со МВП признанието за регуларниот дел од НБА сезоната.

Јокиќ пружи одлична партија против Чикаго, во триумфот по продолжение од 131-127. Србинот дојде до 34 поени и 15 скока, а за „трипл-дабл“ ефект му недостасуваше само една асистенција.

Одлична ноќ имаше и Лука Дончиќ, но тоа не беше доволно Далас да го совлада Портланд кој славеше со 123-114. Дончиќ постигна 38 поени, а за победничкиот тим МекКалум запиша 32 поени а Лилард – 31 поен.

На крилјата на Арон Гордон со 38 поени, Орландо со 121-113 го победи Бруклин на кого не му помогнаа ниту 43 поени на Кајри Ирвинг.

Индијана убедливо со 110-137 славеше на гостувањето против Мајами, Јута го победи Торонто на гости со 112-115, а Сан Антонио со 110-116 славеше против Кливленд.

Се вчитува...