Јокиќ повторно сакаше да го тепа големиот „познаник“ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ води вистинска војна со играчите на Минесота тимбервулвс, поточно, против Џејден МекДениелс, со кого повторно се судри. Денвер го доби петтиот натпревар во Колорадо, 125-113, за да намали на 3-2 во серијата, која повторно се сели во Минеаполис во ноќта помеѓу четврток и петок.

Српскиот центар постигна нов трипл-дабл со 27 поени, 16 асистенции и 12 скока, но повторно беше цел на провокации од играчите на „Волците“. Во текот на целата серија, тој е „задеван“, најчесто од Џејден МекДениелс, кој повторно се обиде „на лош начин“ да го изнервира и речиси успеа во тоа.

Во еден од пробивите на Јокиќ, судијата досуди фаул во напад, а Србинот продолжи со движењето кон кошот, каде што МекДениелс го чекаше и го блокираше со контакт, иако нападот во голема мера беше завршен.

Јокиќ беше удрен и веднаш по падот се упати кон МекДениелс, но Мајк Конли и судијата успеаја да го сопрат и да го смират.

Сè помина без поголеми последици и казни, па нема да има проблеми како по четвртиот натпревар кога НБА го казни Јокиќ за налетот на МекДениелс, кој постигна кош во последната секунда кога сите веќе застанаа.

Се вчитува...