Јокиќ повторно си „играше“ со трипл-дабл, Лилард броеше до 44 (ВИДЕО)

Денвер стигна до четвртата победа во низа откако на гостински терен против Индијана стигна до победа од 103-113. Мајкл Портер беше првото име кај тимот од Колорадо со 24 поени и 11 скока, додека Никола Јокиќ беше на прагот на нов трипл-дабл учинок со 20 поени, 12 скока и 8 асистенции. Мајлс Турнер ја предводеше Индијана со 22 поени и 12 скока.

Благодарение на Дамиен Лилард и неговата одлична партија во која забележа 44 поени и 7 скока, Портланд стигна до 21 победа во сезоната откако славеше над Сакраменто со 123-119. Во противничкиот табор Де Арон Фокс натпреварот го заврши со 32 поени, 12 асистенции и 8 скока. Српскиот интернационалец Немања Бјелица додаде 12 поени, а еден скок го делеше од „трипл-дабл“.

Во останатите натпревари Бостон славеше над Торонто со 132-125, Вашингтон беше поуспешен од Клиперс со 119-117, Њујорк го одбрани домашниот терен од Детроит со 114-104, Милвоки со 111-112 славеше над Мемфис, Мајами победи против Њу Орлеанс со 93-103, Оклахома го доби натпреварот против Сан Антонио со 102-107 и Феникс славеше со убедливи 120-98 над Голден Стејт.

Се вчитува...