Јокиќ со „метла“ за Леброн и Лејкерс – Денвер до прво финале во историјата (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и неговиот Денвер нагетс се пласираа во првото историско финале во НБА лигата, откако со „метла“ (4-0) го исфрлија Лос Анџелес лејкерс во финалето на Западната конференција.

Во последниот натпревар одигран во „Крипто арената“ во ЛА, Денвер славеше со минимални 111-113. Никола Јокиќ повторно беше најдобар поединец во својот тим, завршувајќи го натпреварот со нов трипл-дабл учинок (30п. 14с. и 13а.). Ова за Србинот беше осми трипл-дабл сезонава во плеј-офот со што го урна рекордот на Вилт Чембрлејн кој имаше забележано седум трипл-дабли во една сезона.

Кај поразените недоволни беа 40 поени на Леброн Џејмс.

Се вчитува...