Јокиќ со МВП партија ја уништи Минесота, Њујорк поведе против Индијана (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер направија пресврт, и сега се на победа до финале во Западот. Јокиќ пред мечот го прими својот трет МВП трофеј од рацете на Адам Силвер, комесарот на Лигата. Следуваа овации од трибините, но Јокиќ не и се обрати на публиката, затоа што следуваше тешка задача.

Денвер успешно ја одработи домашната задача, и со моќна одбрана го добија мечот. Со спуштија Ентони Едвардс на само 18 поени, а Јокиќ ги „уништи“ Волците, со 40 поени, 13 асситенции и пет скока. Едноставно беше незапирлив. Ако продолжи во овој стил, тогаш Минестоа нема што да бара. Делеше одлични асистенции Србинот, во негов стил од целиот терен за лудница на трибините. Целосно го надигра Гобер, најдобриот дефанзивец во лигата.

Серијата сега се враќа во Минесота, но дефинитивно Денвер е во одлична серија со три победи по ред.

Индијана немаше решение за Џајлен Брансон, па така Никси ги совладаа Пејсерс во петтиот меч, и поведоа со 3-2. Брансон броеше до 44 поени, и со помош на публиката во „Медисон Сквер Гарден“, Њујорк го растури противникот. Индијана беше непретпознатлива, најдобриот напад во регуларниот дел ноќеска постигна само 91 поен. Имаа 24 скока помалку од противникот.

Серијата се сели во Индијана, прва „брејк“ шанса за Њујорк да се пласира во источното финале.

Се вчитува...