Никола Јокиќ и Денвер се на чекор од историја за себе со прваиот шампионски прстен во историјата, исто како и Новак Ѓоковиќ кој со трофеј на Ролан Гарос дефинитивно ќе се запиша како тенисер со најголем број гранслем титули во историјата на тенисот.
Па, прес-конференцијата на Јокиќ денеска по победата на Денвер над Мајами за водство од 3-1 во серијата од финалето, не можеше да помине без прашање и за Ѓоковиќ. Јокиќ откри воодушевено дека Новак му пишал, откако пред неколку денови рече дека го нема неговиот број и дека не се слушаат. Ѓоковиќ веднаш после таа изјава сега стапил во контакт со Јокиќ.
„Луѓе, се слушнавме. Всушност ми пиша, да ми пиша…“ – рече воодушевено Јокиќ и дополни:
„Тој е одличен, пишува историја во спортот. Ќе ја заврши кариерата како најдобар во историјата, ако веќе и не е најдобар. Да се има Ѓоковиќ за сонародник е навистина голема чест. Луѓето во Србија се навистина среќни поради неговиот успех. Чест е да го имаме за сонародник“.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА