Јокиќ: Време е, сега или никогаш

Четвртиот натпревар од НБА финалето помеѓу Денвер и Мајами ќе биде одиграно вечерва по полноќ во 2 часот и 30 минути. Во него домаќинот ќе бара ново изедначување на серијата, а гостите предност од 3-1 пред враќањето во Колорадо.

Во пресрет натпреварот за медиумите говореше Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар на Денвер кој со трипл-дабл учинок донесе победа на првиот натпревар одигран во Флорида. Србинот вели дека мора фокусот да биде на теренот во текот на целиот четвртти натпревар бидејќи истиот е од големо значење.

„Време е, сега или никогаш. Мислам дека е многу важно да бидеме фокусирани и да дадеме се од себе за победа. Мислам дека повеќе не можеме да се изненадиме, ниту тие од нас, ниту ние од нив. Не знам дали ќе им се вратат повредените играчи, дали ние можеме да уфрлиме нов играч од клупата за некоја нова енергија. Ова е четврт натпревар и мислам дека нема многу изненадувања“, вели Јокиќ.

Се вчитува...