Денвер и Никола Јокиќ ќе имаат шанса да стигнат до шампионскиот трофеј во НБА лигата откако се пласираа во големото финале каде за противник ќе го имаат Мајами.
Нагетс на крилја на српскиот центар имаат неверојатна сезона во која лесно стигнаа до финалето, а се и благ фаворит пред Хит кој се намачи во серијата од Источната конференција против Бостон.
Во пресрет финалето поранешниот НБА кошаркар, Владе Дивац говореше за неговиот сонародник за кој вели дека заслужува да го освои прстенот.
„Зошто да не стигне до прстен? Ако некој тоа го заслужува тоа е Јокиќ. Сите ние сме негови навивачи и се надеваме на успех оваа година. Нашите кошаркари доаѓаат од кошаркарска школа која е напредна. Никола е наш, преубаво е да го гледаме и се надеваме дека ќе освои титула“, вели Дивац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА