Јончевски: Не се откажуваме од Ти-Џеј Шортс, приморaни сме да го одбереме Хап

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација во петок на домашен терен ги започнува квалификациите за престојниот Евробаскет кој ќе се одржи во 2025 година.

За разлика од претходните претквалификации каде клучен дел од нашиот репрезентативен тим беше натурализираниот Ти Џеј Шортс, овој пат селекторот Александар Јончевски се одлучи за промена на „странската“ позиција во тимот. „Црвено-жолтиот“ дрес ќе го облече Итан Хап, 27-годишниот центар на Кран Канарија кој во текот на утрешниот ден ќе се приклучи на подготовките.

Оваа одлука доаѓа од тактичка природа со оглед на тоа што меѓу репрезентативците нема да бидат македонските центри Теодор Симиќ и Љубомир Младеновски. Симиќ неодамна се врати од повреда, додека Младеновски се пензионираше од професионална кошарка.

Покрај тоа на овие квалификациите во тимот нема да бидат и интернационалците Андреј Јакимовски и Кристијан Николов кои не добиле дозволи за враќање во татковината со оглед на важните натпревари на клупско ниво.

„Ти Џеј Шортс нема да биде во овој прозорец. Не сме се откажале од него, тој беше еден од најзаслужните за претквалификациите, но затоа што сме дефицитарни на високите позиции без Симиќ и Младеновски од кои едниот целосно се откажа од кошарка, а другиот три месеци не беше во тренажен процес бевме принудени да се одлучиме за Хап кој и претходно доби државјанство. Тоа е повеќе стратешка околку приморена одлука“, изјави Јончевски на денешниот прв собир на репрезентативците.

Самиот старт на квалификациите го носи и најбитниот натпревар на Македонија, дуелот против секогаш незгодните Естонци кои во нашиот главен град доаѓаат и со двајца евролигаши во својот ростер.

Се вчитува...