Јоноски ќе им биде тренер на Филип Лазаров и Ангелов во Ратинген

Ацо Јоноски е именуван за нов тренер на германски Ратинген, информираа денеска од клубот.

По отказот од минатата недела за Халид Кан, раководството на клубот се одлучи да му ја даде довербата на Јоноски кој и досега од октомври минатата година ја извршуваше улогата на асистент тренер. Сега македонскиот ракометар, како што информираат од клубот, е избран за привремено решение на тренерската функција со оглед на тоа што и натаму ќе биде и играч во тимот.

Како и да е, Јоноски во иднина ќе биде тренер на Филип Лазаров и Петар Ангелов кои се дел од составот на Ратинген. Во согласност од резултатите на тимот понатаму од германскиот клуб ќе одлучуваат и за подолготраен договор за Јоноски на тренерската функција.

Се вчитува...