Јоноски со нов договор: Ацо е ракометен експерт, чест ни е што го имаме во нашиот клуб

Ацо Јоновски и во следната сезона ќе го води тимот на Интерактив Ратинген, откако денеска потпиша нов договор со овој клуб, со важност до 2024 година.

Јоновски, кој по завршувањето на одличната играчка кариера заплови и во тренерски води, го води тимот на чело на табелата во регионалното натпреварување, што беше доволна причина за да добие нов договор и да биде шеф на стручниот штаб на Ратинген и во повисок ранг на натпреварување.

Пресреќни сме што Ацо ќе остане дел од нашиот клуб. Тој е апсолутен ракометен експерт, убедени сме дека со Јоновски на клупата ќе ги оствариме зацртаните цели“, изјави менаџинг-директорот на Интерактив Ратинген, Бастијан Шлиркамп.

Македонскиот стручњак, кој е дел и од стручниот штаб на Кире Лазаров во националниот тим, не го крие задоволството по потпишаниот договор.

„Овде имаме одличен спортски проект со голема перспектива. Во тимот владее единство, уживам да работам со ракометарите и со членовите на мојот стручен штаб. Со нетрпение ги очекувам предизвиците што ќе бидат пред нас во наредните години“, прокоментира Јоновски по потписот на новиот договор.

Се вчитува...