Јонуз се раздели со Влазнија

Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз не е веќе тренер на албанскиот клуб Влазнија. Според медиумите кај нашиот западен сосед, договорот на Јонуз со клубот завршил на крајот на мај.

„Договорот со Влазнија ми истече на 31 мај. Причини за мое заминување има повеќе, не само финансиските детали. Имаше и многу други проблеми со кои се соочувавме во клубот. Мислам дека го дадов максимумот“, изјави Јонуз за албанските медиуми.

Се вчитува...