Јотиќ атрактивен и во поразот на Еурофарм, го има третиот најубав гол во ЛШ (ВИДЕО)

Во деновите за европски елитен ракомет, македонски претставници имаа лош биланс, од два пораза. Вардар загуби од Мешков Брест, а Еурофарм беше поразен од Кокс, дури и ја раскина соработката со тренерот Стевче Алушовски.

Како мала утеха за битолскиот тим е изборот што го прави ЕХФ по комплетирањето на рундата од Лигата на шампионите. Во селекцијата на петте најдобри голови за деветтото коло се најде Ловро Јотиќ. Подогокот кој го постигна на почетокот од средбата против финскиот состав за 2-2 е избран за трет најубав гол.

Во следното коло, последно за Еурофарм во оваа дебитантска сезона во ЛШ, битолскито тим на домашен терен се соочува со Бидасоа Ирун, Вардар пак ќе игра пред неговите навивачи против Веспрем.

Целиот избор на најдобри голови погледнете го овој линк.

Се вчитува...