Јотиќ: Кире Лазаров во Македонија е како Лука Модриќ во Хрватска

Ловро Јотиќ имаше извонредна сезона во дресот на Работник, каде хрватскиот бек се докажа на средбите од ЛШ и од СЕХА-лигата и си обезбеди трансфер во редовите на Бенфика. Хрватот во интервју за „Балкан Хендбол“ говореше за искуството во Битола, но и од она што е најпријатно изненаден – фанатизмот со кој македонските фанови гледаат на ракометот.

„Македонците се фанатици за ракомет, а Битола е ракометен град, живее за овој спорт. Ракометот е според број 1 тука, но и во цела Македонија. Никогаш не сум играл пред организирана навивачка група како „Чкембари“, а оваа сезона засекогаш ќе ја паметам, бидејќи докажав дека можам и знам да играм на ракомет на највисоко ниво. Кире Лазаров овде е поголем и од претседателот на државата, би направил споредба дека тој во Македонија е она што е Лука Модриќ кај нас во Хрватска“, истакна Јотиќ.

Тој го прокоментира и стилот на живот во Битола и секојдневието на „Широк Сокак“.

„Битола е втор најпознат град покрај Скопје, место каде се живее за ракомет, на нашите средби секогаш се бараше билет повеќе. Има една улица, Широк Сокак, многу наликува на онаа „Боговиќева“ во Загреб. Сите тераси сите се свртени кон улицата и мора да се види секој што поминува. Македонците пијат многу кафе, дури и повеќе од нас Хрватите. Тука само седиш, пиеш кафе три часа“, прокоментира хрватскиот интернационалец од таборот на Пелистер, кој кариерата ќе ја продолжи во Бенфика.

 

Се вчитува...