Јотиќ: Натпреварите со Елверум се клучни, едноставно мораме да ги добиеме

Ракометарите на Вардар ги очекуваат два натпревари во низа против норвешкиот Елверум во Лигата на шампионите. Првиот е закажан за утре во Скопје. Бекот на „вардарци“ Ловро Јотиќ вели дека овие два натпревари се клучни сезонава и едноставно мора да се добијат.

„Дефинитивно натпревар кој мораме да го добиеме. Двата натпревари по ред со Елверум ќе бидат клучни и мораме да ги добиеме. Со Сегед заслуживме барем еден бод. Лошата игра во последните десет минути на натпреварите беа клучни. Мислам дека нашата форма расте и изгледаме многу подобро од пред два месеци. Очекувам добар натпревар против Елверум. Тие играат тотално различно од Пик Сегед. Трчат многу повеќе и целата игра им се сведува на тоа. Со нашата добра одбрана не би требало да ни прават големи проблеми. Се надевам на победа во недела“, изјави Јотиќ. 

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за во недела со почеток во 16 часот.

Се вчитува...