Јотиќ доаѓа во Вардар – последен дел од „црвено-црниот мозаик“

Вардар го комплетираше трансферот на Ловро Јотиќ, со што „црвено-црните“ ја решија и последната дилема околу изгледот на тимот за наредната сезона, комплетирајќи го ростерот што ќе му биде на располагање на тренерот Алушовски. Хрватот пристигнува во Скопје токму на барање на Алушовски, со кого имаше беспрекорна соработка додека овој стручњак во Битола седеше на клупата на Работник.

Јотиќ во меѓувреме потпиша за Бенфика, но големата финансиска криза ќе значи и намалување на платите во португалскиот клуб. Поради ова тој набрзо почна да размислува за враќање назад во Македонија, на маса имаше и понуда од Металург, но реши да потпише за Вардар и повторно да игра во Лигата на Шампионите.

Претседателот Михајло Михајловски неодамна изјави дека последната дилема во формирањето на тимот за следната сезона е дали да го доведе Зарабец или Јотиќ. Нема дилема дека Словенецот ќе беше подобра опција, но фактот дека е под договор со Кил го искомпликува трансферот, поради што „вардарци“ го комплетираа ангажманот на Јотиќ.

За потсетување, „црвено-црните“ направија „ремонт“ во тимот, потпишувајќи договори со Талески, Георгиевски, Јагуриновски, Кантегрел, Вујин, Валчак, Векиќ и Гаџа.

Се вчитува...