Јотовски без проблеми во 1. коло во Австрија

Томислав Јотовски без проблеми го почна ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Австрија, славејќи во првото коло против домашниот тенисер Филип Шрол.

Македонскиот тенисер, кој е втор носител, на стартот од турнирот славеше против Австриецот во два сета, со 7-6,6-1.

Во второто коло Јотовски ќе игра против Аргентинецот Фермин Тенти.

Јотовски успешно стартуваше и на турнирот во игра на двојки. Заедно со Нерман Фетиќ од БиХ во првото коло ја победија хрватско-италијанската комбинација Рогиќ/ Сардела со 6-4,6-1.

Се вчитува...