Јотовски, Грабул и Србљак во македонската Дејвис куп селекција за мечевите во Бугарија

Селекторот на македонската Дејвис куп репрезентација, Дејан Маринковиќ го соопшти составот на селекцијата која од 5. до 8. април ќе настапи во Созопол, Бугарија, на мечевите од Третата европска зона.

Без никакви промени, во однос и на минатогодишниот настап во Естонија, Македонија ќе игра и оваа година во рамките на Дејвис куп настапите.

Во Третата европска зона, покрај Македонија, на турнирот во Бугарија ќе бидат и тениските репрезентации на Албанија, Андора, Ерменија, Бугарија, Косово, Грција, Исланд , Р. Ирска, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Молдавија, Црна Гора и Сан Марино.

Согласно правилникот за натпревари, ќе се игра во четири групи. Победниците од секоја група ќе играат во полуфиналето на турнирот, а финалистите од следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората Евро-африканска зона.

Се вчитува...