Јотовски и Дургути елиминирани во 2. коло на турнирот во Нови Сад

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е елиминиран во 2. коло на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Нови Сад, Србија.

Томислав, иако четврти носител на турнирот, го предаде мечот поради повреда против квалификантот Дује Ајдуковиќ од Хрватска при резултат 1-6,0-4 за противникот.

Во второто коло турнирот во поединечна конкуренција го заврши и Бесир Дургути кој загуби од Унгарецот Петер Наѓи (3-ти носител) со 4-6,2-6.

Од македонските тенисер останува уште настапот на Горазд Србљак кој во второто коло се соочува со Ерги Киркин од Турција.

Се вчитува...