Јотовски ќе игра на главниот турнир во Тунис

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски ќе игра на главниот турнир во поеднинечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Табарка, Тунис, кој е со награден фонд од 15.000 долари.

Јотовски успешно ги мина квалификациите победувајќи ги Перуанецот Мерино и Италијанецот Ингарио. Во првото коло на главниот турнир ќе се сретне со Ерик Калагуер од Бразил.

Се вчитува...