Јотовски во четвртфиналето на фјучерсот во Нови Сад

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Нови Сад, Србија.

Во второто коло на турнирот Јотовски убедливо во два сета со 6-2,6-1, за еден час и 15 минути игра, славеше против Австралиецот Џејмс Фрели.

Во четврфиналето Јотовски, кој е 4. носител на турнирот, ќе игра против осмиот носител Ерги Киркин од Турција.

Се вчитува...