Јотовски во четвртфиналето на турнирот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Австрија.

Јотовски во второто коло беше подобар од Аргентинецот Фермин Тенти победувајќи го во три сета, со 6-1,3-6,6-4.

Во битката за полуфинале македонскиот тенисер ќе се соочи со Бразилецот Едуардо Дишингер.

Се вчитува...